На 24.02.2022, полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А.С.(27) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2022 13:12