Американскиот глумец Мајкл Медсен е уапсен завчеравечер поради наводно натрапување во туѓ двор. Сопственикот на имотот ја известил полицијата за недозволеното влегување, па властите го уапсиле Мадсен.

Глумецот е виден со лисици на рацете додека излегувал од својата куќа во Малибу, придружуван од полиција. Мадсен потоа бил пренесен во блиската болница. Добил и казна од 500 долари за прекршокот, па бил ослободен вчера наутро, според полицискиот извештај.

Веста за неговото апсење доаѓа само еден месец откако неговиот 26-годишен син Хадсон си го одзеде животот од огнено оружје на Хаваите, на островот Оаху.

Мајкл и Хадсон Медсен Глумецот, можеби најпознат по филмовите на познатиот режисер Квентин Тарантино, бил шокиран од самоубиството на својот син војник. – Разговарав со него неколку дена претходно, рече дека е среќен, мојата последна порака од него беше „Те сакам, тато“. Тој погледна во својата иднина, па – тоа е тоа. Чудно. Едноставно не можам да сфатам што се случи!, рече Медсен за „Лос Анџелес тајмс“.

Мадсен во 2019 година беше осуден на четири дена затвор и пет години условна казна по несреќа во пијана состојба во Малибу. Бил уапсен и во 2012. поради возење под дејство на алкохол, па осуден на 30 дена рехабилитација.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2022 13:58