Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, побара од светот целосна изолација на Русија, по ракетните напади врз станбени делови на Киев.

Кулеба на Твитер објави дека Киев преживеал уште една ноќ под ударите на руските копнени сили и проектили. Еден проектил погодил станбена зграда во Киев.

„Барам од светот целосно да ја изолира Руската Федерација. Протерајте ги амбасадорите. Ембарго за нафта. Уништете ја руската економија“, наведува Кулеба во твитот.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно објави дека руските вооружени сили синоќа извршиле напад со крстосувачки ракети од море и од воздух врз воени објекти во Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2022 14:01