Јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска се согласија дека е неопходен е одговор на руската инвазија на Украина, за истата да не стане „погрешна лекција“.

Хајаши не сакаше да коментира дали Јапонија ќе им се придружи на санкциите на САД, Велика Британија и Европската унија кон претседателот на Русија, Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој додаде дека Јапонија ќе остане во контакт со другите членки на Групата-седум и останатите лидери во врска со кризата следејќи го развојот на настаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2022 14:04