Украинскиот претседател Володимир Зеленски оствари телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен.

Во твитот, тој наведе дека разговарале за помошта на ЕУ за Украина и се надеваат дека ќе ја добијат нивната поддршка.

„Украина се бори против напаѓачот со оружје во раце, бранејќи ја својата слобода и европска иднина. Разговаравме со Лајен за ефикасна помош за нашата земја во оваа херојска борба. Верувам дека и ЕУ ја избира Украина“.

Претходно Зеленски објави дека денеска имал телефонски разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон во врска со помош за Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2022 14:06