СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(65) од село Подмоље, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 02.02.2022, на објава на електронски портал, пријавениот напишал коментар со што поттикнувал омраза кон определена група или поединец.