Вчера (26 февруари) околу 12 часот и 20 минути, на улица "Илинденска" во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 21-годишниот гостиварец А.Т., поради сомнение дека дента извршил тешка кражба во трговски објект, лоциран на истата адреса, од кој противправно одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2022 14:55