Политичката партија СДСМ втор ден се обидува да манипулира со јавноста и граѓаните

Лага е дека Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го назначил лицето Добри Петров за ревизор. Лицето Добри Петров бил вработен како Советник – внатрешен ревизор, во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 22.04.2016 година, а претходно Соработник за стручно – административни работи во областа на внатрешната ревизија од 01.10.2012 година и помлад соработник, ревизор на обука од 02.03.2012 година, долго време пред Бобан Стефковски да биде избран за градоначалник на општина Гази Баба. (во прилог Решенија за распоредување од 2012 и 2016 година)

Лага е дека Добри Петров правел ревизија на детската градинка Детска Радост откако бил именуван за в.д Директор на ЈКП Гази Баба. Ревизијата е спроведена во период додека лицето Добри Петров било вработено во општина Гази Баба, а именувањето за в.д Директор на ЈКП Гази Баба е направено на 04.01.2022 година со што од тој ден работното место Советник во одделението за внатрешна ревизија му е ставено во мирување, согласно на Закон.

Лага е дека е прекршен член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Лицето Добри Петров било вработено на позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија исполнувајќи ги условите пропишани во член 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна контрола.

За фактот дека СДСМ со овие лаги има за цел да манипулира со јавноста и граѓаните говори тоа што за време на целиот мандат на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ Борис Георгиевски, Добри Петров вршел ревизија и доставувал извештаи лично до Георгиевски.

Лагите и манипулациите од СДСМ нема да ја запрат обновата на општина Гази Баба.

Во изминатите над 100 дена од мандатот на градоначалникот Стефковски се реализираа 39 проекти, а со реализација се започнати над 20 проекти.

Гази Баба се гради и менува и тоа ќе продолжи и во следниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2022 14:35