Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер ја освојува манекенската индустрија, а нејзината најнова фотосесија некако ја прикажува како 180 степени поинаква. Имено, таа ги изненади своите обожаватели и читателите на списанието „Перфект“, позирајќи и гола, покриена само со тетоважи.

– Се чувствувам најубаво кога сум во своја кожа. Во мигов, едноставен изглед на косата и помалку шминка – тоа е она што најмногу ми прилега!, вели Каја.

Но, за разлика од повеќепати претходно, многумина овојпат се сложија и дека младата супермоделка неодоливо потсетува на нејзината светски позната мајка.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2022 16:39