Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 21 годишниот Б.Д. од Велес затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој се обидел и да избега.
Како што информира Ристе Самарџиев од СВР Велес, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.