ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Е.(44) од тетовското село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Тој, во текот на јули минатата година лажно му се претставил на жител на струшкото село Велешта како вработен во општината и дека наводно може да му обезбеди градежна дозвола.
Притоа, во два наврати побарал и добил вкупно 166.000 денари.