Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти кражба извршена на 18.11.2021 во продажен објект на ул.„Јустинијан Први“ во Драчево.

По преземени мерки било дојдено до сознанија дека сторители се А.Х.(49) и Р.М., двајцата од Скопје.

Во службен разговор двајцата го признале делото. Во полициска станица, исто така, бил извршен разговор и со Е.Н., коj изјавил дека едно лице му понудило да му продаде предмети од кривичното дело , но дека тој одбил.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2022 12:13