Македонските манекенки Мија Стерјовска и Ана Брзанова постигнаа голем успех на синоќешниот избор на најубава Европејка за 2022 година одржан во хотелот „Хилтон“ во Бејрут. Мија ја освои титулата Втора придружничка во конкуренција на 30 девојки од Европа, додека Ана стана „Miss friendship“.
За 17-годишната Стерјовска, манекенка од модното студио „Црнокрак“ ова беше дебитантски настап на едно меѓународно натпреварување за убавина.
– Горда сум што ја претставив Македонија во најдобро издание. Ова е мој прв избор и за цело време голема поддршка и помош добивав од мојата цимерка Ана Брзанова и таа има голем дел од заслугата за мојата титула. Благодарност до Светле и Мики Црнокрак кои веруваа во мене, како и до компанија „Рапид Билд доо Куманово“ која ми го овозможи патувањето во Бејрут. Овде морам да ја спомнам и Невена Димковска која ми ги обезбеди најголемиот дел од свечените тоалети во кои продефилирав за време на 15-дневниот престој во Либан, изјави Стерјовска за МИА.
И Ана Брзанова е членка на Модното студио „Црнокрак“ кое ја поседува лиценцата за најпрестижниот Европски избор за убавина.
– Иако немав големи очекувања, знаев дека Македонија заслужува уште една титула. Благодарна сум на Модното студио „Црнокрак“ за укажана можност да с епретставиме ние и Македонија во најдобро светло, за што зборуваат и резултатите. За мене ова беше прекрасно искуство. Се надевам на уште заеднички патувања и титули со Мија со која бевме извонредно дуо, изјави Брзанова за МИА.
Победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија