Продлабочување на соработката и заеднички проекти, беа главни теми на средбата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.
Како што соопштија од Општината, Герасимовски на амбасадорката Брнз ѝ ги претстави своите програмски заложби и планови, меѓу кои и заложбите за чист, зелен и еколошки Центар и отворена и транспарентна општина.
-Со амбасадорката разговаравме за актуелните теми, како на глобално, така и на локално ниво. Имав шанса на амбасадорката лично да ѝ ги претставам нашите проекти и планови со кои ќе го подобриме животот на граѓаните во Општина Центар, изјави Герасимовски по средбата со Брнз изразувајќи задоволство од нејзината посета.
Според него, ова е чекор напред кон продлабочување и подобрување на соработката на Општина Центар со Амбасадата на САД во земјава, особено во делот на екологијата и темите кои се од локален интерес за жителите на општината. изјави дека се надева на уште поинтензивна и суштинска соработка
На состанокот, двајцата разговараа и за политичките случувања во светот при што Герасимовски во името на граѓаните на Општина Центар изрази силна поддршка до граѓаните на Украина, кои минуваат низ можеби најтешкиот период во нивните животи, стои во соопштението.