Во СВР Велес, 57 – годишниот А.А. вчера пријавил дека било извршено сквернавење на семејниот гроб на градските гробишта во црквата „Свети Спас“ во Велес. Извршен бил увид на место и се работи на расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Велес. Ристе Самарџиев.
Од ЈКП „Дервен“ кое стопанисува и со гробиштата информираат дека била оштетена надгробна плоча, а не бил оштетен и гробот. На местото на настанот со сопствениците на гробната парцела увид направиле и од ЈКП„Дервен“.