Протеинските мафини, смути или тостот со јајца може да ни даде доволно енергија за денот, да не се прејадеме, но и да изгубиме од вишокот килограми. Следат три рецепти за вкусни, а заситени закуски…
Протеински мафини од лимон и боровинки кои сигурно ќе ја задоволат Вашата утринска глад
Состојки:
Шолја и пол брашно од хељда-семе, шолја протеини, лажица прашок за пециво, 2 лажици свежо рендана кора од лимон, 2 јајца, четвртина шолја јаворов сируп, четвртина чаша стопено кокосово масло, три четвртини шолја млеко и шолја свежи или замрзнати боровинки.
Подготовка:
Рерната се загрева до 180 степени. Сите суви состојки се мешаат во голем сад. Во мало тенџере на тивок оган се топи кокосовото масло. Повторно се меша сѐ дури сѐ тоа не се изедначи во еднолична смеса. Течните состојки се мешаат со сувите состојки, па се додаваат и боровинките. Следи истурање на тоа тесто во 12 калапи за мафини.
Сѐ тоа се пече во рерна – 18 до 20 минути. Мафините потоа се вадат од калапите и се ставаат на решетка за ладење.
Смути со бадеми и банани
Состојки:
Две чаши незасладен сок од бадем, 2 замрзнати банани, 200 грама мед или јогурт од ванила и лажица путер од бадем.
Подготовка:
Во блендерот прво се ставаат бадемовото млеко, парчињата банана, јогуртот и путерот. Сѐ тоа се меша додека состојките не се соединат и изедначат – околу 1-2 минути. Тоа потоа се истура во високи чаши и се пие веднаш.
Печено лепче со авокадо и јајце
Состојки:
Четвртина авокадо, парче црн леб, 2 варени јајца, сол и бибер.
Подготовка:
Кришката леб се потпекува во тостер, па врз неа се става авокадото, т.е. се гмечи и мачка врз лепчето. Варените јајца одат над авокадото. Се зачинува по вкус.