СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Б.(36) од Република Турција, со престојувалиште во Драчевица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во периодот на јуни и јули 2021 година, Е.Б. го довел во заблуда оштетениот, сопственик на патничко возило „Лексус“ и со лажно прикажување на фактите го навел да му го даде возилото.

Притоа, тој фалсификувал исправа заведена кај нотар и во Република Турција пријавил кражба на возилото, со цел осигурителната компанија под која возилото било каско осигурано да му исплати пари и да се стекне со материјална корист од 32.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2022 01:46