ЈП Комунална хигиена-Скопје и Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“, денеска потпишаа Меморандум за соработка, во чиишто рамки се обврзаа на имплементација на образовните програми преку спроведување практични обуки со коишто учениците непосредно ќе имаат можност да го следат целокупниот работен процес во Претпријатието.
Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз и директорката на училиштето „Арсени Јовков“, Јованка Лековска, во оваа прилика утврдија дека во претстојниот период Претпријатието ќе реализира едукативни активности и еко-предавања за учениците, со цел - подигнување на свеста за правилното постапување со отпадот, придобивките од неговата примарна селекција, како и штетноста од создавањето диви депонии.