Македонската атлетска федерација со тројца натпреварувачи ќе настапи на Балканското сениорско првенство во сала, кое в сабота ќе се одржи во Истанбул.

Во конкуренција на атлетичари од 22 држави членки на Балканската федерација со преку 350 атлетичари, македонските бои ќе ги бранат Јован Стојоски во дисциплината 400 метри, со личен и државен рекорд од 47,18 секунди, Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри со личен и државен рекорд од 8 минути и 1,63 секунди и Андреас Трајковски, кој ќе настапи во дисциплините скок во далечина со личен и национален рекорд 7,65 метри и во трката на 60 метри со личен резултат од 6,90 секунди.

– Со оглед дека сите тројца во овој дел од сезоната значително ги соборија националните рекорди во своите дисциплини, а и самото учество на бранителот на титулата балкански шампион Дарио Ивановски од ланското првенство, нескромно очекуваме повеќе одличја, соопшти Атлетската федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2022 16:26