Дигиталната платформа #мЗаедница од денеска е достапна и за граѓаните на Општина Аеродром!
Од денеска сме чекор поблиску до жителите на нашата општина. Го реализираме нашето предизборно ветување за модернизација на општинските услуги и отсега граѓаните со еден клик ќе можат да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина.
Ставаме крај на непотребната документација, редиците и гужвите. Со оваа апликација аеродромци ќе можат по дигитален пат да аплицираат за субвенции, да даваат предлози за животната средина, инфраструктурата во општината, градинките, основните училишта и другите области, како и да ги пријавуваат проблеми со кои се соочуваат.
Најважното од сè е тоа што Општина Аеродром оваа апликација ја доби на користење без ниту еден дополнителен трошок! Оваа апликација е развиена од Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42 – 21“, кој ги следи глобалните трендови и динамиката на современото живеење и ја препознава потребата од дигитализирање на сите услуги што сè повеќе ни се потребни во секојдневието.
Преку ваквите проекти ја модернизираме Општина Аеродром и ја правиме подостапна за нашите жители, нешто коешто беше незамисливо во минатото!