Македонската сениорска женска ракометна репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Целје со минимални 28-29 (14-15) од Словенија во рамки на третиот натпревар од ЕХФ Евро купот.
Во резултатски неизвесен натпревар, македонските ракометарки во неколку наврати беа во предност од еден гол разлика на средина од второто полувреме, но во неизвесна завршница домашната репрезентација дојде до победата реализирајќи го последниот напад во натпреварот.
Шанса да им се реваншираат на словенечките ракометарки и да ја забележат првата победа во ЕХФ Евро купот избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе имаат в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.