Во Ликовниот салон на МАНУ вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски Чауш.

На изложбата ќе бидат преставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали како бронза, дрво, алуминиум, мермер, што авторот ги работел во изминатите 50 години, вклучително и дела што се изработени во последните неколку години и досега не се изложувани.

Изложбата ќе ја отвори академик Васко Ташковски. Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја разгледаат до крајот на месец март, влезот е бесплатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2022 11:13