Прекинато водоснабдување денеска неколку часа ќе имаат корисниците во делови од Гази Баба, Црниче, Карпош…
Од 10 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците „Радован Ковачевиќ“, дел од „Сава Михајлов“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Кавадарска“ и „Беровска“. Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. „Радован Ковачевиќ“ бб (кај старата амбуланта).
Без вода денеска се и дел од корисниците на улицата „Св. Наум Охридски“ поради дефект ф-80мм на истата улица, како и улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Стокхолмска“, „Петар Драганов“ и „Његошева“ поради дефект на водоводен мрежа Ф100 мм. на улицата „Софиска“ 27б. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со санација на дефектите.