Државјанин на Република Македонија се обидел вчера да влезе во Косово преку граничниот премин Блаце – Генерал Јанковиќ со фалсификуван сертификат за примени анти-ковид вакцини, јави дописникот на МИА од Приштина.
Откако бил откриен од полицијата, македонскиот државјанин признал дека на незаконит начин ја набавил потврдата за вакцинација. На лицето му е одбиен влезот во Косово, а предметот против него е пуштен во редовна процедура.
– Осомниченото лице – маж, Албанец, државјанин на Република Македонија – на граничниот премин приложи сертификат за вакцинација против Ковид-19, кој резултира дека е фалсификуван. При распитот осомничениот потврди дека сертификатот го набавил на незаконит начин. По налог на надлежен обвинител предметот е пратен во редовна процедура, а на лицето му е одбиен влезот во Косово, се вели во 24-часовниот извештај на косовската полиција.