Полицијата санкционирала дваесет и осум возачи од подрачјето на СВР Куманово поради брзо возење, соопшти денеска кумановската полиција. Полициските службеници вчера ја спровеле акциската контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

– Притоа, биле санкционирани 28 возачи, од кои 23 на подрачјето на Куманово и пет во Кратово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од полицијата.

СВР Куманово апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2022 13:12