Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во дисциплината скок во далечина на Балканското сениорско првенство во сала, кое денеска се одржува во Истанбул.

Трајковски се искачи на подиумот со прескокнати 7 метри и 62 сантиметри.

Во македонскиот тим на атлетската Балканијада во Турција се и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри и Дарио Ивановски во дисциплината 3.000 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2022 15:59