Службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР-Кичево, вчера го привеле Е.П., кој се барал и за извршени насилства. При претрес во неговиот дом пронајден е кокаин, четири ваги, пари, како списоци на должници кои купувале дрога од него и неговиот татко А.П.

При претресот во домот на Е.П. полициските службеници биле попречувани од Н.П. за што ќе следува соодветна кривична пријава по член 382 и 368 од Кривичниот законик.

Против Е.П. и А.П. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, изјави портпарол на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Димоски посочи дека вчера околу 17,30 часот во ОВР-Кичево е приведен и Н.В.(44) од Кичево.

– Тој претходно на улицата „Влашки Пат“ во Кичево, ги навредувал и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2022 00:34