Норвешката нордиска скијачка Терезе Јохауг, која на Зимските олимписки игри минатиот месец во Пекинг освои три златни медали, објави дека ја завршува кариерата на крајот од актуелната сезона.
– Сезонава преостануваат уште неколку трки, а потоа ќе дојде време за крај и време да се фокусирам на живот надвор од врвниот спорт, напиша Норвежанката на својот Инстаграм профил.
Јохауг, која има 14 златни медали од светските првенства, денеска ќе настапи во Холменколен, каде пред 11 години ја освои својата прва титула.
Во кариерата забележа 80 победи во Светскиот куп, а првиот златен олимписки медал го освои на Игрите во Ванкувер во 2010 години.
Поради позитивен тест на допинг мораше да ги пропушти Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг.