Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.