Eкипите на зимската служба паралелно со чистењето на градските сообраќајници ги чистеа и пешачките патеки за да овозможат полесно движење на граѓаните.
Почнувајќи од изминатата ноќ околу 1 часот по полноќ започна плужењето на тротоарите на булеварите во Централното градско подрачје на булеварите Кочо Рацин, Партизански Одреди, Илинден, кон Битпазар и Чаир, која акција продолжува и утрово. Имаше и интервенција за расчистување на паднатите гранки на булеварот Партизански Одреди спроти Поликлиниката Букурешт.
Состојбата будно се следи од сите пунктови и во координација со дежурните лица на терен се интервенира според потребите.