Пилотот на Ферари, Шарл Леклер го сподели своето мислење за изгледите на тимот за претстојната сезона.
– Последните две години не беа лесни. Ферари е секогаш под голем притисок. Но, како тим добро реагираме на проблемите, а можевме и добро да се подготвиме за преминот кон новиот технички пропис. Ако оваа сезона успееме да победиме на пет трки, ќе биде одлично. И ако настапиме прилично константно, тогаш дури пет победи може да бидат доволни за да ја освоиме титулата.
Претстојните тестови во Бахреин ќе бидат многу важни во однос на подготовките за првата трка во сезоната. Остануваме внимателни во нашите прогнози бидејќи не знаеме точно каде сме во односот на силите. Но, ние сме многу мотивирани и сакаме да се бориме за највисоките места, изјави Леклер.
Новата сезона во шампионатот во Формула 1 ќе почне на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин.