Со освоени две први места пингпонгарите на Шампион Фа се победници на првото Државно првенство за оваа 2022 година и Телеком Мастерс турнирот одржани викендот во Струмица.

Во женска конкуренција победија претставнички на ППК Крушево и ППК Крива Паланка.

Најдобри во категорија кадети/ки помлади од 15 години на Државното првенство:

Момчиња: 1.Лука Стојчев – ППК Шампион Фа 2.Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка 3.Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови.

Девојчиња: 1.Фани Јовановска – ППК Крушево 2.Изабела Ковачовска – ППК Берово 3.Моника Стајковска – ППК Берово и Матеја Смолиќ – ППК Рисови.

Најуспешни на првиот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година:

Мажи: 1Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа 2.Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка 3.Теодор Волкановски – ППК Крушево и Лука Стојчев – ППК Шампион Фа.

Жени: 1.Ана Стојановска – ППК Крива Паланка 2.Изабела Ковачовска – ППК Берово 3.Васе Богоеска – ППК Крушево и Софија Хасану – ППК Крушево.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2022 12:15