ЈП Комуналана хигиена со сите расположливи работници, во координација со Град Скопје, во текот на вчерашниот ден го чистеа снегот и мразот од сообраќајниците и од јавните површини во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.

Целосно е исчистено од снег централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Расчистени од снег и проодни се реоните околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и на ЈП Паркови и зеленило во текот на вчерашниот ден ги расчистуваа паднатите гранки и дрвја од сообраќајни и од јавни површини низ сите скопски општини.

Јавните претпријатија со своите екипи ќе бидат на терен и нивните активностите ќе продолжат да се одвиваат и во текот на денешниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2022 15:30