Од 8 до 10 март 2022 година, во Младинскиот културен центар и Кинотека, ќе се одржи 13-то издание на „Вечери на женски права“.

Ова е настан кој на различни локации во Скопје, традиционално се организира од 2010 година и е под покровителство на Град Скопје. Настаните кои се организираат во рамките на оваа манифестација понудија алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената - 8 Март, а искуствата од претходните изданија покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и со родовата еднаквост.

Програма

08 МАРТ - МКЦ Галерија 19:00, Меѓународна ликовна изложба „Будење 3“;

08 МАРТ - МКЦ Кино Фросина 20:00 часот -Обраќање на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска; -Обраќање на Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија; -„Дејт“, авторска монодрама на Сандра Сијалџев;

09 МАРТ - Кинотека, 20:00ч. Проекција на документарните филмови: - „HER“ (45 мин.) САД, режија: Хуан Карло Бореро, Мелоди Карли; - „The Dark Way“ (48 мин.), Иран, режија: Анахид Давари;

10 МАРТ - Кинотека, 20:00ч. Проекција на документарниот филм: - „Caught in the Net“ (100 мин.), Чешка Република, режија: Вит Клушак и Барбора Чалупова;



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2022 16:38