Полицијата санкционираше осумдесет и шест возачи од Куманово за брзо возење, соопштија денеска од СВР Куманово. Засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната била спроведена за време на викендот.

Од СВР Куманово информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикаа од СВР Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2022 16:54