На булеварот „Киро Глигоров“ денеска во 12:30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишен е од слобода Т.К.(21) од Куманово по претходно издадена судска наредба од Основен суд Куманово, а бил баран за издржување казна затвор во затвор Куманово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во 14 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишеле од слобода и М.М.(24) од Скопје, кој исто така бил баран по централна потерница издадена од Основен суд Скопје за издржување на затворска казна.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.