Полиција приведе кумановец, бидејќи нападнал жител на Љубодраг во угостителски објект, соопштија денеска од СВР Куманово.
– Денеска во 02:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (41) од Куманово затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ физички го нападнал Љ.Ј. (58) од село Љубодраг кумановско, појаснуваат од полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.