Три лица со закана со оружје, денеска во 12:35 часот, одзеле пари од вработените во експозитура на банка на подрачје на Центар, информира Министерството за внатрешни работи.
Во близина на местото на настанот, како што велат од МВР, едно од лицата испукало еден куршум, но за среќа нема повредени лица.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.