Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе oбвинителен акт против 20-годишен жител на селото Равен против кого се водеше истражна постапка за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од ЈО Гостивар информираат дека при претрес во домот на обвинетиот на 29 јануари оваа година, полициски службеници пронашле 58,74 грама наркотична дрога марихуана во стаклена тегла и една дигитална вага.

-Обвинетиот дрогата ја набавил во текот на јануари годинава и се подготвувал да ја пакува во помали пакувања со цел да ја препродаде на зависници на наркотични дроги, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, оценувајќи дека и натаму постои можност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото кое му се става на товар.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2022 13:50