Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е дел од жрепката за тенискиот Мастерс турнир во Индијан Велс, но, засега, сè уште не е јасно дали воопшто ќе настапи.

– Новак Ѓоковиќ беше на списокот играчи, па затоа го ставивме во жрепката. Овој пат сме во контакт со неговиот тим, бидејќи не е јасно дали ќе може да игра, имајќи предвид дека се чека дозвола од Американскиот центар за контрола на болести за влез во земјата, соопштија организаторите во Индијан Велс.

Според владините прописи, сите патници, кои не се државјани на САД, за влез на американска територија мораат да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.

Ѓоковиќ, кој има титули во Индијан Велс, во јануари остана без настап на Австралија Опен во Мелбурн, бидејќи не е вакциниран.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2022 16:49