Иако за многумина женскиот оргазам е мистериозен сепак научниците утврдиле дека за да жената доживее оргазам потребно е да се надминат следните пречки.

Подолга предигра за поголемо возбудување Секоја втора жена која во текот на сексот не доживува оргазам признала дека не била воопшто возбудена. Решение за оваа пречка е партнерот да се потруди да ја загрее додека трае предиграта. Научниците утврдиле дека предигра за силно возбудување пред да се премине на главниот чин не би требала да трае помалку од десет минути.

Влажност Дури 43 проценти од испитаничките одговориле дека пред да преминат на секс и во тек на предиграта не се чуствувале доволно “влажни“. Иако мажите имаат мислење дека жената ако е возбудена следствено на тоа е дека е “навлажнета“ сепак во практика не е секогаш така. Доколку почесто се случува оваа појава во сексуалниот живот на двајца партнери, научниците препорачуваат преку разговор да го надминат тој проблем со користење на секси помагала и различни лубриканти.

Години Иако годините не се пречка за доживување на оргазам, сепак студијата открила дека дури 40% од девојките кога имаат 20 години не можат да доживеат оргазам. Покрај нив 30% од испитаничките кои биле на триесет годишна возраст исто така одговориле дека неможат да доживеат оргазам. Научниците оваа појава ја оправдуваат со тоа дека помладите девојки имаат помалку искуство а понекогаш е потребно подолго време да жената открие што највеќе ја возбудува. Покрај ова, голем број од девојките се срамеле да кажат што највеќе ги возбудува а студијата покажала дека оргазмот кај девојките е почест кога тие се во подолга врска.


Не бидете себични. Помогнете и да доживее оргазам

Доколку сакате да бидете вистински љубовник и партнер разговарајте со вашата понечна половина што таа сака и одвојте време да ја простудирате женската анатомија.

Не бидете себични. Помогнете и да доживее оргазам


Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 17:41