Изгаснат е пожарот што избувна денеска околу 11 часот во барака 3 во објектот на Општина Кисела Вода.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, пожарот настанал поради дефект во застарената електрична инсталација, а веднаш бил локализиран од страна на вработените. Нема повредени лица и е причинета само незначителна материјална штета.
На местото пристигнале екипи од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немало потреба од дополнителна интервенција.
– Ги известуваме граѓаните дека во моментов во барака 3, во која е сместен Секторот за урбанизам е прекинато електричното напојување, но се работи на надминување на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес, соопшти Општина Кисела Вода.