Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес 10.03.2022 година, изврши увид во градежните работи за реконструкција на училишната спортска сала на ООУ Григор Прличев во населбата Железара.

За увидот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

"Денес направивме увид на градежните работи за реконструкција на училишната спортска сала во ООУ Григор Прличев во населбата Железара.

Со овој проект целосно ќе се реконструира внатрешниот дел на училишната спортска сала, ќе се постави нова гумена подлога како и нови кошеви и останати реквизити.

Со реконструкцијата на салата ќе овозможиме подобри услови за реализација на наставните часови по физичко и здравствено образование.

Продолжуваме со реализација на зацртаните проекти." - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2022 02:10