Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи – Струга привеле жител на Дебар откако кај него пронашле сигнални куршуми.

– Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л. (20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според него, по целосно документирање, ОВР Струга против Ф.Л. ќе поднесе соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2022 16:30