Сопственик на деловен објект од Куманово пријавил во полицијата дека од неговиот деловен објект биле одземени бакарни предмети, соопшти денеска полицијата.

– Вчера во 08:10 часот во СВР Куманово Т.Ж. (61) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ Куманово, непознат сторител влегол со употреба на подесен предмет и одзел бакарни предмети, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2022 16:50