За да уживате максимално во својата машкост избегнувајте ги следниве ризик фактори: долго седење, цигари, поголема количина на алкохол и калорична и мрсна храна. Мрсната храна и алкохолот го подигнуваат притисокот и нивото на холестерол во крвта а во исто време го намалуваат сексуалниот нагон и потенцијата. Наместо жестоки алкохолни пијачки, подобро испијте една до две чаши црно вино бидејќи виното го подобрува кардиоваскуларниот систем.

Солта, шеќерот и мастите предизвикуваат асексуално пореметување бидејќи солта исто така го зголемува крвниот притисок и долгорочно го нарушува кардиоваскуларниот систем, додека шеќерот и мастите предизвикуваат појава на дијабетес и намалување на силата и енергијата која што организмот треба да ја поседува.


Спортувањето го подигнува сексуалниот апетит

Покрај ова е многу важно редовно да спортувате (или печашење по минимум еден саат секојдневно) и да внимавате на вашата тежина. Истражувањата покажуваат деке мажите кои редовно се испразнуваат преку спортски активности многу ретко имаат проблем со ерекцијата од колку оние кои се со поголема телесна маса и помалку или скоро ич не спортуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 17:50