Кошаркарите на Бостон не успеаја да ја забележат шестата последователна победа во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен загубија од Далас со 92-95.

Гостинскиот тим до 42.триумф во регуларниот дел од сезоната го предводеше Словенецот Лука Дончиќ, кој уфрли 28 поени, додавајќи по осум скокови и асистенции.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу неделата и понеделник: Бруклин – Њујорк 110:107, Детроит – ЛА Клиперс 102:106, Бостон – Далас 92:95, Орландо – Филаделфија 114:116, Атланта – Индијана 131:128, Њу Орлеанс – Хјустон 130:105, Оклахома – Мемфис 118:125.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 13:35