Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ може да го пропушти третиот натпревар од второто коло на плејофот во НБА против Оклахома, пренесува „ESPN“.

Дваесет и петгодишниот Словенец доживува непријатност поради истегнување на десното колено и болка во левиот зглоб.

Играчот го повреди коленото за време на плејоф серијата од првото коло против Клиперс, а скочниот зглоб на вториот натпревар од серијата со Оклахома Сити (119:110), на кој постигна 29 поени, забележа и десет скока и седум асистенции.

Во серијата прв до четири победи резултатот меѓу Оклахома и Далс е нерешен 1:1. Третиот натпревар меѓу екипите ќе се одигра вечер од 21:30 часот на теренот на Далас.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2024 21:20