Во изминатите два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје изречени се вкупно 1107 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина од возачите, од кои дури 373 во текот на овој месец, информираат од СВР Тетово.
Најголемиот број од мерките се однесувале на пречекорувања надвор од населено место, пред сѐ на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, најчесто од патнички моторни возила.
– Меѓу возачите-прекршители констатирани се случаи на возење со брзина и за 50 и 70 километри на час повеќе од дозволената со постоечките сообраќајни знаци и друга сигнализација. Секторот за внатрешни работи Тетово, со оглед на тоа што претстои период на далеку поголема раздвиженост по патиштата на подрачјето, со апел до возачите непотребно да не брзаат, односно да ја прилагодат брзината според условите на патот во и надвор од населено место.Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот и за превенирање на можни сообраќајни несреќи, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На пребрзите возачи изготвени им се соодветни поднесоци тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година, зависно од големината на пречекорувањето.