Кумановската полиција викендов санкционираше 131 возач во Куманово, од нив 68 за брзо возење, а 25 за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска СВР Куманово.

Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изминатиов викенд биле санкционирани и шестмина возачи кои возеле без возачка дозвола.

Од СВР Куманово информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и наредните денови. Од полицијата апелираа до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 15:13